Во 2006 година се случиле 27 авионски несреќи во светот во кои животот го загубиле 892 лица и од аспект на патничкиот авиосообраќај таа година се смета за една од најбезбедните во последниот период, соопшти организацијата Мрежа за безбедност во авиосообраќајот.

Организацијата со седиште во Амстердам, која од 1983-тата година, собира податоци за бројот на жртвите во авионските несреќи наведува дека таа бројка е значително помала во однос на десетгодишниот просек од 36 авионски несреќи и 1.005 човечки жртви, пренесуваат светските агенции.

Бројот на авионските несреќи е намален на сите континенти освен во Африка каде во минататагодина се задржа неславната титула за најмалку безбеден регион во светот. Од вкупниот број несреќи 18,5 отсто се случиле во Африка, иако овој континент минатата година учествуваше со три отство во вкупниот број на летовите, наведува организацијата.