
На подрачјето на Општина Дебрца пак минатата година на свет дошле 30 бебиња, додека пак на подрачјето на Општина Струга се регистрирани 697 новородени бебиња.
Инаку според официјалните статистички податоци, на територијата на Република Македонија, лани се родиле 22 972 деца, од кои 22 770 се живородени.
Бројот на живородените деца во 2011, во споредба со претходната година, е намален за 1526 деца или за 6,3%. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 5,6%, односно, на 100 живородени женски деца 106,7 се машки.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35,3% се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години, па следуваат мајки од возраст 20-24 со 24,6%, па мајките од 30 до 34 години со 24,3% итн. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28 години, а 26,2 години на првите раѓања, односно благ пораст во однос на претходната година. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1984 година.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 651 деца или 11,5% од вкупниот број на живородени деца се вонбрачни.












