Во април 2014 година се издадени 205 одобренија за градење, што е за 14,9 проценти помалку во однос на истиот месец минатата година.
Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 12.548.297.000 денари, што е за 353,1 процент повеќе во однос април 2013 година.
Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (63,4 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (18,1 %) за нискоградба и 38 (18,5 %) за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 422 стана со вкупна корисна површина од 36.734 метри квадратни.
OhridNews