Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители во 2012 година, во споредба со 2011 година, е зголемен за 5.8%.

Во 2012 година, во споредба со 2011 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 7,8%, а бројот на обвинетите лица, исто така, е намален за 7,4%.

Бројот на пријавените малолетни лица – сторители на кривични дела во 2012 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 13,9%.

Во 2012 година, во споредба со 2011 година, бројот на осудените малолетни лица-сторители на
кривични дела е намален за 23%.