Во текот на минатата година, бројот на работниците во индустриските капацитети во земјава е намален за 2,4 отсто.
Според Државниот завод за статистика, најголем пад од 8,7 отсто има во секторот Капитални производи, 6,7 отсто во Трајни производи за широка потрошувачка, 1,9 отсто во Интермедијарни производи и 2,9 проценти во Нетрајни производи за широка потрошувачка.
За дури 15 проценти е намален бројот на работници во тутунската индустрија, што претставува најголем поединечен пад во гранка на преработувачката индустрија
Бројот на работници е зголемен во два сектори и тоа рударството и вадењето камен, каде се бележи пораст од 1,8 отсто, односно прехранбената индустрија 3,1 отсто.
OhridNews