Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, e намален за 4,7 проценти.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, бележи пораст од 0.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.7%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.6%, Капитални производи за 11.3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2012 година , во однос на периодот јануари – септември 2011 година, е намален за 2,4 проценти.