Со почетокот на туристичката сезона и зголемувањето на температурите, граѓаните кои живеат на повисоките катови во колективните згради во одредени реони се соочуваат со намален притисок на вода. Тоа им создава проблеми, особено во вечерните часови. Деновиве поплаки стигнуваат од жители на населбите Воска и Далјан и дел од бул. „Туристичка“.

Намалувањето на притисокот во системот за снабдување со вода се должи на зголемената потрошувачка, но и на нерационалната и несовесна употреба на водата за пиење за наводнување и слично. Засегнатите жители очекуваат јавното претпријатие Водовод да ги преземе неопходните мерки за нормализација на водоснабдувањето.

OhridNews