Македонски шуми ја намали цената на огревното дрво. За десет проценти  за физички лица и за 20% за корисниците  на социјалната помош.

Оваа одлука која доби зелено светло од страна на Владата на Република Македонија ќе важи до 15-ти април 2013-та година.

Новата цена на буката за физичките лица изнесува 2.133 денари, а за корисниците на социјална помош 1.896 денари. Цената на дабот изнесува 2.205 денари, односно 1960 денари за корисниците на социјалната помош.

OhridNews