Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а врнежи од дожд има во Кичево и Железнец. Поради појава на магла намалена е видливоста од 100 до 150 метри на патните правци Тетово, Гостивар, Сарамзалино, Велес, Неготино, Гевгелија, К.Паланка и Страцин.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.