Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се влажни. Намалена видливост од 50 – 100 метри поради магла, има кај Кичево, на планинскиот премин Ѓавато и долж повардарието, информира АМСМ. Поради магла намалена видливост има и во Охридскиот регион.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews