Намалена видливост поради магла утрово има на патните правци Тетово-Скопје, Велес-Градско, Неготино- Демир Капија и Сарамзалино-Штип со видливост од 30 до 50 метри.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15 Ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март следната година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.

OhridNews