Како што информираат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, намалувањето е во согласност со максималниот лимит определен со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, каде е предвидено постепено намалување на висината на овој вид надоместок. Со тоа, велат од агенцијата, продолжува трендот на намалување на трошоците за овој вид осигурување, кој постоеше и во минатите години.
Имајќи предвид дека надоместот се наплаќа од уплатените придонеси на секој член, намалувањето има директно позитивно влијание врз висината на средствата на индивидуалните сметки на членовите, а со тоа и на нивните идни пензии.