Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јуни 2012, во однос на мај 2012, намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 2.0%, Комуникации за 1.8%, Ресторани и хотели за 0.6%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Останати стоки и услуги за 0.2% и Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.1%.
Пораст на индексот на трошоците на животот е забележан во групите: Облека и обувки за 0.5%, Алкохолни пијалаци, тутун и Рекреација и култура за 0.2% и Здравје за 0.1%.
На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Образование.