Работното време на угостителските објекти ќе биде пократко за еден час, освен во деновите петок и сабота, како и спроти празници и празнични денови, кога ќе се работи плус еден час, соопшти Државниот пазарен инспекторат.


Така рестораните и кафулињата ќе можат да работат од 07:00 до 24:00 часот. Во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и на празнични денови работното време е до 01:00 часот.

Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот, а во петок и сабота, спроти празници и на празници до 05:00 часот.

Диско клубовите се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови, односно до 06:00 часот во петок и сабота, како и спроти празнични и во празнични денови.

ohridnews