Во рамки на Неделата на срцево- садовите заболувања, во недела, општинскиот Црвен крст организира пешачење до село Велестово, каде во Центарот за култура ќе се вршат бесплатни прегледи. Прегледи ќе се вршат и пред Црвениот крст, од каде во 10 часот ќе се тргне кон селото Велестово.

Под мотото „Намалете го стресот и сочувајте го срцето“, Црвениот крст ја одбележа Неделата на срцево- садовите заболувања преку бројни активности.

Во основните и средни училишта се одржаа едукативни предавања, а во просториите на општинскиот Црвен крст се изврши и јавно предавање за ризик факторите за болестите на срцето и крвните садови, при што беше извршена  и презентација на техники за укажување на  прва помош при срцев напад и мозочен удар.

Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светстката здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умираат околу 17,1. Во Европа околу 50% од сите смртни случаи, се предизвикани од овие заболувања. Се повеќе заболуваат лица под 65 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Доколку не се превземат соодветни мерки до 2030 г., 23,6 милиони луЃе, секоја година Ќе умираат од срцево-садови заболувања (главно од срцеви и мозочни удари).

Статистичките податоци за Македонија покажуваат дека срцево-садовите заболувања  се водечка причина за смрт и кај нас (не само во секоја опШтина пооделно, туку и на ниво на државата).

OhridNews