Податоците пак направени за средните училишта говорат дека во 2011 забележани се четири прекрошци, при што не се регистрирани кривични дела тешка телесна повреда. Во 2010 година регистрирани се 8 прекршоци, а во 2009 девет. – Овие бројки охрабруваат, но во исто време даваат мотив повеќе за сите институции кои се директно или индиректно повикани за сузбивање на асоцијалното однесување кај најмладите да работаат уште поинтензивно, со цел тоа да се елиминира и отстрани во целост, потенцира Стефан Димовски, портпаролот на СВР- Охрид. Димовски смета дека врз намалувањето на агресивното однесување на младите особено влијание имаат превентивните и репресивни мерки, кои од страна на СВР се превземаат во последните неколку години во вид на проекти кои се реализираат со целните групи- учениците во основните и средните училишта.
Од Центарот за социјална работа, потенцираат дека во последните години агресивноста кај најмладите почнува да се манифестира во периодот на основното образование, затоа што тогаш децата под влијание на голем број фактори, трагаат и прифаќаат нови, а многу често и агресивни модели на однесување.
Ова се податоците кои беа презентирани на денешниот, 18- ти по ред состанок, кој Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција, попладнево, го одржаа со Советодавната група граѓани од Охрид. Тема на состанокот беше анализата на актуелните состојби во училиштата, со предлози за надминување на асоцијалното однесување на учениците и согледување на другите негативни појави во и околу училиштата.
На состанокот покрај претставници од СВР Охрид, присуствуваа и претставници од Секторот за образование при Општините Охрид и Дебрца, претставници од центарот за социјални работи, од охридската општа болница, од советот на родители и локалниот совет за превенција,претставници на ОБСЕ, како и невладини организации.