Успешните и трофејните спортисти често имаат чудни и необични приказни за своите почетоци или пак за своите кариери. Една таква сторија има и Симона Халеп која од овој месец го презеде приматот најдобра тенисерка во светот.
Тајната на романската тенисерка покрај тренирањето и здравиот начин на живот од почетокот на кариерата е и намалување на градите. 28-годишната тенисерка во интервјуто после крунисувањето за најдобра изјави дека хируршкиот зафат и бил пресвртница во кариерата.
– Моите гради не само што ми сметаа додека тренирав и играв ме вознемируваа. Не се осеќав најдобра поради моите гради и решив да ги оперирам, односно да ги намалам. Прво ми сметаа на теренот, а и не изгледаа добро во опремата која ја носам во текот на мечевите. – рече отворено Халеп.
Романката градите ги оперираше пред три години, а токму од тогаш нејзината кариера тргна во нагорна линија успевајќи да освои неколку мастерс турнири кои и го отворија патот до тронот во женскиот тенис.
OhridNews