Две непознати лица,во понеделникот, околу 18 часот во Струга извршиле разбојништво над 27- годишно лице од велешкото село Богомила.

По претходен договор за купопродажба на патничко моторно возило „БМВ“, нападнатото лице дошло во Струга и се сретнало со лицето договарач и уште едно непознато лице. Во еден момент тие му впериле пиштол во слепоочницата, му ставиле платнена прекривка при што го удирале по главата. Притоа му одзеле паричник во кој имало лична карта, 1.300 денари, трансакциски картички од банки, 6 400 евра и мобилен телефон.

 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.