Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од струшкото село Радолишта.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, на 20 минатиот месец во Основниот суд Струга физички нападнал судски полициски службеник. Тој требал да добие уверение потребно за издавање патна исправа и кога судскиот службеник го известил дека треба да изврши уплата за барањето, започнал да го навредува и да му се заканува, а се обидел и да влезе во канцеларијата на претседателот на судот.
При тоа, пријавениот удирал и по рентгенот и детекторот на влезот во судот, а во еден момент со раце го турнал судскиот полициски службеник.
OhridNews












