Истражните органи работат на утврдување на причините за големиот пожар што вчера околу пладне се случи во поранешниот дописен центар на Македонската радио-телелевизија -МРТВ во Охрид.  Огнот го забележале граѓаните од околните згради и веднаш ја известиле  охридската професионална противпожарна единица  која за брзо време по пристигнувањето го локализирала пожарот и спречила негово ширење кон  трафостаницата која ги снабдува со електрична енергија  станбените згради кои се наоѓаат во непосредна близина.


Опожарена е внатрешноста на објектот, каде според граѓаните од населбата, често се собираат сомнителни лица. Сличен пожар се случи  и минатата година, при обид за кражба на електрична инсталација од руинираниот објект.


Дописниот центар на МРТВ во Охрид е изграден во 1987 година, а беше затворен во 2003 година. Прозорците на објектот се искршени, украден е сиот инвентарот и канцелариски прибор, а во него повремено престојуваат бездомници и наркозависници.

OhridNews