Вчера, околу 8 часот, на месноста викана „Сарај“ во атарот на струшкото село Лабуништа, 60- годишниот Б.Ф, сакајќи да убие лисица, од ловна пушка „црвена застава“ што ја поседувал со одобрение, испукал еден проектил и го повредил  неговиот 46- годишен сосед, во пределот на рамото, кој во моментот се наоѓал покрај прозорецот од неговата куќа.

Повредениот е пренесен во ПЗУ „Поликлиника Меникс“ во село Лабуништа, каде е констатирана телесна повреда и е пуштен на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот, а по документирање на случајот против  Б.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews