Наместо лисните вошки- со неодамнешното прскање уништени пчели
28.07.10 09:18
“ Со неодамна спроведеното прскање против лисни вошки на липите, уништени се голем број пчелни семејства во Охрид. Најголеми се загубите на потегот од Бараките до Горица” , тврдат охридските пчелари. – Од страна на ЈП Комуналец кој го спроведе прскањето, бевме информирани дека тоа ќе се изврши на 25 јули и тоа со средство кое не е штетно за луѓето и пчелите. Меѓутоа, прскањето не започна на 25- ти, туку на 16- ти јули, а продолжи и наредниот ден. Средството со кое се прскаше е едно од најјаките инсектициди кое и самите земјоделци од поодамна го имаат исфрлено од употреба заради неговата голема токсичност. По остварениот контакт со одговорното лице за прскањето од ЈП„Комуналец“ – Охрид ни беше кажано дека се користело сретството по име „Актара“. Земјоделците и пчеларите многу добро знаат за каков инсектицид станува збор, велат револтирано пчеларите.
Од ЈП Комуналец се децидни- прскањето беше навреме најавено преку медиумите и беше укажано дека ќе се прска во строгото централно градско подрачје, а не околината на градот каде има пчели. Се изврши како што и беше најавено- на 25 јули, вели директорот Сашо Алчев.
На терен од пред неколку дена е излезен државниот ветеринарен инспектор и од затекнатата состојба направен е записник. Утврдено е дека се забележуваат мртви пчели околу влезот на сандаците. При проверка на рамките констатирано е угинување и на леглото.
Испратени се примероци од угинатите пчели на ветеринарниот факултет и земјоделскиот факултет од Скопје на анализа.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) работи на проширување на коловозот на патниот правец Р2234, од селото Долно Татеши до селото Мислодежда, струшко во должина од 3500 метри и вредност о...
Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Н...
Поради два одделни настанати дефекти, прекин во водоснабдувањето има во сЉубаништа и на улиците „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.