Жителии од станбена зграда на булеварот Туристичка се жалат дека дел од нивните соседи години наназад, наместо на соодветниот паркинг простор, своите автомобили ги паркираат во тревникот.


– Крај секоја зграда има паркинг простор за да се паркираат автомобили, а не да се уништува зеленилото околу објектот. Очигледно, на некои од соседите најзгодно им е да ги паркираат своите возила пред самиот влез, па го избегнуваат паркингот кој се наоѓа на само 10 метри од паркот каде постојано ги оставаат возилата и со тоа ја уништуваат зелената површина, велат жители од зградата.


Тие со апел до сите соседи возилата  да ги паркираат на соодветно место и да не го уништуваат паркот во чие уредување со години се вложувало.

OhridNews