“Од погледни во и себе“ читај и сети се на него, на неговите мисли и дела:

… правта останува прав
водата вода
а човекот фикција на Бог…

… заборави да мислиш
нека друг за тебе
тоа го чини
а ти
живеј
со неговите мисли…

… во рајот сум
Овде
и
сега
со мисла

Избежно силна да се совлада
Избежно упорна да се одбегне
Избежно убава да се пренабрегне

КАДЕ Е ПЕКОЛОТ…


… зошто
ме создаде
кога не
можеш
да
ме направиш
бесмртен…

 

 


…. и што е поопасно
да ја престигнеш
смртта
на полна месечина и
да се судриш со
животот
или
да го прескокнеш
животот со престап…


…. погледнувам во себе
се будам во нов свет
моето тело затвор
моите сетила стражари
на моето тело….

 

 

 


… ме убиваат
зборовите
што сум ги изговорил
а не биле
гладни

 


МЕ УНИШТУВААТ
ЧУВСТВАТА
ШТО МЕ НАПРАВИЈА СМРТЕН

 


ПРИРЕДИЛ: Стојан Савески