Наместо празник, неделниот дерби натпревар против Охрид Лоте се претвора во кошмар за Охрид 2004. Второпласираната екипа во првенството, во последните два дена неможе нормално да тренира поради исклучената електрична енергија во соблекувалната која ја користи во склоп на СРЦ “Билјанини Извори“.


останаа во соблекувалната – дел од фудбалерите на Охрид


– Затечени сме од новонастаната ситуација, од вчера по наредба на директорот на ЈП “Билјанини Извори“ исклучена ни е струјата која ги напојува бојлерите во соблекувалната која ја користиме и ние не може нормално да ги извршуваме тренинзите и подготовките за претстојниот дерби натпревар. Во дел од соблекувалната која ја користиме од неоедамна ние реновиравме, заменивме чешми, донесовме нови грејачи за бојлерите.  Но и денес не дочека иста слика. Директорката ме извести дека прво сме требале да платиме за користењето на електричната енергија па потоа да тренираме. Јас стапив во контакт со претседателот на УО на ЈП “Билјанини Извори“ Ружди Муфти и го известив за новнонастаната ситуација, од него добив уверување дека за целата ситуација ќе биде информиран и градоначалникот Петрески – вели претседателот на Фк Охрид 2004 , Гоце Малезан.

Во договорот кој го има постигнато Охрид 2004 со локалната самопурава на Охрид стои дека може да се користи соблекувалната, потоа еден тренинг неделно на главниот терен како и тренинзи на помошните игралишта. Директорот на ЈП “Билјани Извори“ Гордана Јованоска, потврди дека струјата е исклучена по нејзин налог и дека Охрид 2004 има договор за користење на просториите и терените, но дека треба самите да си ја подмират сметката за електрична енергија и вода.

За надомест на тоа што ќе ги користат просториите тие требаше да инвестираат во центарот, но досега ништо од тоа не е сторено. Исто така ФК Охрид се уште ја нема подмирено и фактурата за штетата која беше направена на мечот со ФК Влазними на кој тие беа организатори. Утре ќе може непречено да тренираат, а очекувам по завршувањето на есенскиот дел од шампионатат сите детали да бидат ставени на хартија, па потоа да се обвинуваме кој не ги исполнил обврските – рече Јованоска.


различни гледишта на работите Јованоска и Малезанов

Претседателот на ФК Охрид смета дека под итно треба да се координираат Локалната и ЈП “Билјанини Извори“, бидејќи ваквите случувања одат најмногу на штета на охридскиот фудбал и спортот воопшто.


-Разочарани сме од начинот на кој се однесува раководството на ЈП Билјанини Извори, во четвртокот добивме налог да се иселиме од просториите кои години наназад ги користеше ФК Охрид во склоп на центарот. И покрај тоа што има уште само еден натпревар за играње на кој ние сме условно кажано гости, ние тоа го направивме. Мислам дека во најскоро време треба да се средат работите , не сакаме да звучи тендециозно но клубот кој има амбиции наредната година да се натпреварува во Првата Лига, ќе мора да превземе порадикални мерки и да побара други решенија за одигрување на натпреварите – завршува Малезанов.

М.Постоловски