По откажувањето на репрезентациите на Брегот на Слонова Коска и Црна Гора, наместо “Трофеј Македонија“ во Охрид, избраниците на Марин Докузовски ќе одиграат двомеч со репрезентацијата на Катар.


Првиот натпревар се игра попладне од 18.30 минути. На натпреварите во Охрид, во македонскиот дрес ќе се појават американците  Лестер Меккејлеб и Маркиз Грин, за кои МКФ објави дека се согласиле да играат за нашиот национален тим во квалификациите за наредното Европско првенство.

М.П.