Веројатно не е потребно да се нагласува колку е важно да се одржува здравјето на срцето и крвотокот, па еве за тоа што имаат да кажат нутриционистите. Денот започнете го со зоб, односно зобни снегулки кои се препорачуваат поради богатата содржина на влакна, кои помеѓу останатото, го чуваат здравјето на нашите артерии. Со нив идеална комбинација е јогуртот, кои го подобрува варењето и го зајакнува имунитетот. Иако јогуртот не е суперхрана корисна за целиот организам, многу е важен за срцето.

Маслиновото масло исто така е задолжителен дел од прехраната, бидејќи со својот состав го намалува ризикот од развој на болести на срцето, притоа намалувајќи го нивото на лошиот холестерол. така чувајќи ги крвните жили. рибата би требало да биде на менито два пати во седмицата како би имале здрави крвни жили, бидејќи го намалува притисокот и спречува неправилна работа на срцето. Кога ќе ги погледнеме двете последни препорачани намирници, не чуди фактот што најмалку срцеви заболувања традиционално се забележани во краиштата кои традиционално користат медитерански начин на исхрана. За утеха на останатите, нутриционистите препорачуваат и спанаќ кој е богат со влакна и калиум и се препорачува на сите како превенција од развој на срцевите заболувања и крвотокот.