„ Задоволен сум  од приемот на граѓаните во населените места што ги посетив во досегашаниот тек на кампањата и мојот начин на комуникација  е преку трибини. Сакам повеќе граѓаните да ме прашуваат а помалку јас да држам говори“, изјави на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилоов – Нанче.

Тој рече дека кај граѓаните е евидентно  незадоволството од работата на општинската администрација. „ Во општината има и квалитетни луѓе  кои не можат да дојдат до израз“, рече Нанче.

Според него, очигледно е дека  помеѓу еснафот во општинава не постои комуникација, а истото се случува и помеѓу општината и урбаните заедници.

„Стандардите на кои сме навикнати се многу ниски за моите критериуми“, подвлече кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов-Нанче.

Портпаролот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јованчо Секулоски,  денеска го обвини кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески, дека, како што рече, сака  охриѓани да заборават на неговата изборна програма од 2005 година насловеа „Секој ден поблиску до  целта“.

  „Од оваа програма, Петрески, практично не исполни ниту едно ветување, а можеби ги  запалил сите останати примероци од програмата  за членовите на СДСМ, вклучително и неговата портпаролка“, рече Секулоски.

А.Р.