Невладините организации од областа на екологијата денеска официјално ќе му дадат поддршка на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов-Нанче.
Трендафилов и претставниците на еколошките здруженија во хотелот „Милениум“ со почеток во 10 часот ќе потпишат меморандум за поддршка.
Половина час подоцна, во хотелот „Милениум“ и листата на советници од Перо Петрески-Калимеро која не освои ниту едно советничко место, ќе потпише меморандум за поддршка со Трендафилов.
Ohridnews











