
Во врска со резултатите кои ги објави ОИШ на СДСМ, Нанче рече: „гладна кокошка просо сонува“.
На прес конференцијата што се одржа синоѓа, Трендафилов кажа дека убедлива победа однела и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ.
– Резултатите се одлични. Ќе имаме мнозинство во Советот на Охрид, во вториот круг на изборите ќе влеземе со предност, ќе имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на државата кој влегува со огромна предност во вториот круг, така што ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на сите фронта во вториот круг, истакна Нанче по објавувањето на повеќе од 50 отсто од обработениот изборен материјал.
Тој даде позитивна оценка за спроведените избори кои ги оцени како одлично спроведена работа за Македонија, нагласувајќи дека тоа е уште една препорака до Европската унија дека Македонија може да одработи коректни и достоинствени избори.











