Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче, го повика својот против кандидат, Александар Петрески на телевизиски дуел, на кој тие ќе ги спротистават своите ставови и визии за развојот на општината во наредните 4 години. Со тоа, рече Tрендафилов  „максимално ќе ги избегнеме сите ситуации кои деновиве и во тек на кампањата ги слушаме во кои испаѓа дека јас сум градоначалник, а  актуелниот градоначалник е само кандидат“.

„Оваа прилика ја користам, што е и наша обврска како кандидати во вториот круг да го повиквам контракандидатот на соочување, на било кој медиум, или пред сите медиуми, во било кое време, во кое ќе ги спротиставиме нашите програми за граѓаните да видат и да проценат кому ќе му ја дадат довербата на изборите“, рече Трендафилов.

Деновиве имаме премногу неразјаснети ситуации и многу непотребни обвинувања од другата страна. Има многу обвинувања на моја сметка за различни работи, додаде Трендафилов.


„Јас во одговор само ќе кажам неколку примери на голема активност на градоначалникот во последните неколку дена на одредени локации – Ариф Мустава, Бистрица и сл. Ако имаше вакви активности во текот на целиот мандат Охрид ќе беше максимално уреден“, рече Нанче.

ohridnews