Во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче во куќата на Прличев денеска ќе има средба со интелектуалци и видни луѓе од Охрид во функција на поддршка на неговата кандидатура за градоначалник.
   
На средбата е предвидено да се потпише меморандум за поддршка на групата на интелектуалци за Кирил Трендафилов – Нанче.
   
Претходно во 13:30 часот низ охридската чаршија премиерот Груевски ќе има средба со граѓаните на Охрид, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.