
Пред своите сограѓани имаа можност да се претстават кандидатите за советници од овие месни комитети кои во најголема мера ги познаваат и проблемите од своето место. При своето обраќање претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, Борис Стефаноски, повика на единство при давање на својот глас за председател на Република Македонија, но и за градоначалник и избор на совет за Охрид.
Кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов – Нанче, во своето обраќање акцент стави на важноста од соработката меѓу централната и локалната власт. “Охрид е единствената општина што досега не поднела ниту еден проект до Владата на Република Македонија. Навистина е штета што постоечката гарнитура се насочи само кон реализација на своите лични интереси, ги запостави сите периферни делови на Охрид а центарот го пренатрупа со згради и со тоа ја промени климата во градов. Има толку природни убавини кои за жал досега не се искористени. Многу градови би посакале да имаат аеродром, Охрид ја има и таа среќа, има можност да воспостави дирекна комуникација со многу светски метрополи и да придонесе во развојот на разни облици на туризам. Сегашната локална власт нема искористено ништо од тоа“ истакна при своето обраќање пред присутните господинот Кирил Трендафилов Нанче.
Нанче и Стефаноски на средба со жителите од „Дејан Војвода„ и „7-ми Ноември“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










