
Тој вети дека доколку стане градоначалник, ќе ги реализира сите најавени проекти. „Околу Охрид во радиус од 70 километри во Македонија, Албанија и Грција живеат половина милион луѓе. Тоа е огромен пазарен потенцијал којшто јас ќе го ставам во функција на силен развој на градот. Вие знаете дека Владата на Република Македонија планира силно да ја развива патната инфраструктура во регионот. Владата планира, но јас и мојата администрација сме тие кои што ќе треба тоа да го одработаат на терен“, подвлече Нанче и вети дека откако ќе стане градоначалник, секојдневно ќе ја потсетува Владата дека проектите коишто се ветени, ќе мора да се одработат.
Кирил Трендафилов-Нанче денеска уште еднаш потсети дека општинската администрација е должна да дава отчет секојдневно. „Како градоначалник, ветувам, ќе работам повеќе од кој било друг во таа администрација“, рече кандидатот за градоначалник, Нанче.
Ohridnews











