Зградата на „Трим “ претставува грда слика за Охрид. Во централното градско подрачје е направено гето. Улицата „Димитар Влахов “ е налик на тунел. За зградата кај старата автобуска станица се уште не се подмирени комуналиите. Ова се дел од обвинувањата што ги искажа кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов- Нанче на денешната прес-конференција.

„Надвор од секаква логика е и што се поставува јавното осветлување на бандерите за телефонија и кабелска телевизија, сопственост на Телекомуникации“, нагласи Трендафилов и додаде дека заради личните интереси на мала група луѓе, може да биде доведен во опасност животот на граѓаните.
Тој денеска најави дека, кога ќе седне на чело на општинската администрација, ќе направи ревизија на сите планови и ќе спроведе регуларна урбанизација.
На прес-конференцијата беа искажани и повеќе критики со актуелната локална власт во поглед на сообраќајот. „Заради хотелот „Чинго “ е созаден хаосот во сообраќајот на улицата „Гоце Делчев“, а на секои три месеци се обновува хоризонталната сигнализација, а сите знаеме зошто сето тоа се прави многу набрзо“, рече Трендафилов.
Ohridnews











