Kандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов – Нанче, денеска на пладне во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе  оджи прес конференција.

На средбата со новинарите тој ќе направи краток осврт на досегашниот тек на кампањата и ќе претстави делови од својата програма, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.

Исто така денеска  во 18:00 часот во  населбата Рача, Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ќе одржи МИТИНГ на кој ќе земат учество кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов – Нанче, носителот на листата за советници, Борис Стефаноски,  кандидатите за советници на оваа листа и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Тие во 20:00 часот ќе одржат митинг и во Пештани.