Од ВМРО ДПМНЕ не кријат дека разговараат на таа тема, но како што исткнаа на денешната средба со новинарите, нивната програма е она што ќе ги привлече гласачите да им ја дадат довербата .
– Разговарано е со еден од кандидатите кои отпаднаа по првиот кург и тоа за реализиција на две идеи кои беа изнесеи во кампањата. Се работи за проектите како Охрид да го направиме саемски град со кој би го привелекле бизнис сегментот, како и реализиација на проектот за бизинис инкубатори. Нема да се пазариме со гласови бидејќи никој не ги поседува гласовите. Ние не може да ги бараме , туку со нашата програма ќе ги привлечиме гласачите на 5 – ти да ни го дадат нивниот глас. Нашата цел е да работиме на заеднички проекти во интерес на охриѓани – истакна кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов – Нанче.











