Изборниот Штаб на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денеска во 18 часот ќе одржи митинг за граѓаните од урбаната заедница Даме Груев (населба Христо Узунов) на кој ќе земат учество кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов – Нанче, носителот на листата за советници, Борис Стефаноски, кандидатите за советници на оваа листа и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
Кандидатите за локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, како и охридските пратениците од оваа партија вечерва од 20 часот ќе одржат уште еден митинг за граѓаните на Горно Лакочереј.
Ohridnews










