Локалната самоуправа нема големи ингеренции во здравството, но може да придонесе за подобрување на здравствените услуги со поддршка на зафати на централната власт за. За жал тоа до сега не било случај, истакна на денешната прес конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Ннче. Тој упати забелешки до локалната администрација, која како што рече, не ги искористила можностите кои и биле понудени за изградба на современи здравствени установи во Охрид и најави дека релизацијата на тие проекти ќе бидат негов врвен приоритет.


Изработен е проект за изградба на нов Здравствен дом на државно земјиште во болничкиот комплекс, за што нема никакви имотно правни пречки. Има само еден недостаток, не е вцрртана маркица за изградба на здравтсвениот дом за кој е затворена финансиската конструкција од 2 .230.000 евра. Ако ја имавме маркицата минатата година ќе започнеше изградбата на  здравствениот дом. Се надевам после 23 март со новиот градоначалник на Охрид по итна постака ќе се изготви урбанистичко решение за таа локација и за девет месеци ќе имаме нов Здравствен современ здравствен дом во кој ќе бидат сместени лекарите концесионери и брзата помош, рече Нанче.


Тоа е капитален објект за кој се обезбедени средства од буџетот на државата и мој прв приоритет ќе биде реализацијата на овој проект, додаде Нанче. Исто така, рече тој, изготвен е проект за изградба на амбуланта на потегот кај Св. Стефан, за чија реализација се обезбедени средства само треба да се обезбеди локација.

И досега овие објекти можеа да бидат изградени, а проблемот е во бавноста на локалната администрација, релче Нанче.


На средбата со новинарите Трендафилов го претстави началникот на Заводот за здравствена Заштита, Атанаско Михаилов, кој како што рече е негов советник за здравство, со кого ќе работи на решавање на проблемот со изворските води од Билјанини извори.

За да се реши проблемот со загадувањето на изворските води од Билјанини извори треба да се опфатат фекалните води од нас. Рача кои понираат и навлегуваат во извориштето, што може да предизвика сериозни здравствени проблеми, рече Нанче. Доколку ја добие довербата од граѓаните, тој најави дека ќе работи на решавање на овој и другите горливи еколошки проблеми во што, како што најави, ќе му помага Дејан Паноски-кој ќе биде советник за екологија во општината.