
Тој најави и дека ќе бидат распишани конкурси за решавање на потегот “Табана“ и за СРЦ “Билјанини Извори“, со што комплексот во конечното решение ќе добие затворен олимписки базен и тениски терен за организирање на меѓународен тениски турнир “Охрид опен“. Нанче најави дека ќе се залага за изградба на комплекс за спортови на вода (веслање, кајакарство, едриличарство) како значаен инпут во развојот на туризмот.
Тој најави дека ќе се залага за спречување на изградба на нови дивоградби и легализација на постојните, урбанизација на периферните и селските населби и забрзано планирање на широкиот опфат на местото на новата автобуска станица.
На средбата со новинарите Трендафилов најави дека објавата на планските докумнети по урбани единици и центри ќе се врши со поставување на билборди, како и комплетна дигитализација на урбаниситичките решенија со поврзување со централан база на податоци во функција на е-општина.
Кандидатот Трендафилов најави и изработка на сообрќајни студија за градот, со акцент на паркиралиштата, изградба на пат над постојниот Охрид – Пештани во соработка со владата, довршување на автобуската станица, поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација и доизградбаи осовременување на булевар “Железничка“.











