Охриѓани  бесплатно ќе  изучуваат  странски јазици како и крусеви од полето на информатиката .  Ова  е благородна програма кој ќе им овозможи на сите граѓни  три месеци бесплатно да  учат шест странски јазици како  и компјутерски апликации – рече денес во Охрид , министерот за информатичко општество, Иво Иваноски.


Со логирање на веб страната www.macedonia-school.com

граѓаните ќе може да одлучат што ќе учат.  Вредноста на ваучерот е повеќекратна бидејќи ќе може паралелно да се изучуваат повеќе јазици од почетна фаза па се до најнапредна.



Министрерот и кандидатот за градоначалник за Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче истакнаа дека 2.500  ваучери ќе бидат поделени на охриѓани. Тие кажаа дека Охрид бил одбран од повеќе причини, а една од нив е и изградбата на новиот  факултетот  за инфороматичка технологија. 



Трендафилов напомена дека Охрид ке добие и бесплатни интернет зони.

–    Сигурно ќе имаме слободни зони,  а една од тие е планирана да биде на охридскиот плоштад, рече кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов  – Нанче.

Ohridnews