
Средбата се одржа во хотел Ловец, а покрај кандидатот за градоначалник и носителот на листата за советници, свое обраќање имаше и пратеникот во Македонскиот Парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој истакна дека Нанче како иден градоначалник на Охрид, би се залагал за општиот, а не личниот интерес. Исто така, истакна дека тој е човек со широки погледи и ветеното го остварува професионално без да се залага за некои процентуални придобивки како што прават други.
Консултативен карактер средбата доби при обраќањето на г-динот Кирил Трендафилов – Нанче, кој истакна дека многу тешко ветува, но кога нешто ќе вети, ветеното секогаш го остварува. Вети средување на патната инфраструктура, несредените комуналии и други елементарни проблеми со кои за жал се соочуваат жителите од оваа област, изградба на универзитетски центар во оваа област кој би повлекол повеќе вработувања и како што рече за остварување на сето тоа му е потребна соработка со централната власт, но секако и со советот на град Охрид кој ВМРО-ДПМНЕ мора да го добие со мнозинство, информира прес центарот на ВМРО ДПМНЕ.
Нанче се сретна со жителите од „Железничка“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











