
„Јас би сакал да им се заблагодрам од сè срце на сите кои што се собраа вчера на плоштадот да ни дадат поддршка. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои што дојдоа од другите градови, но пред сè на моите Охриѓани кои што беа и најбројни и најгласни и чија што поддршка ни ги наполни батериите на сите во партијата да издржиме и со едно силно темпо да ја истрчаме претстојната тринеделна кампања, рече Трендафилов.
Тој упати благодарност до сите вклучени во организацијата на митингот кој што, како што рече, и покрај присуството на повеќе илјади луѓе, беше организиран беспрекорно. Посебно им се заблагодарувам на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кои беа вклучени и во организацијата, но и во акција на чистење на плоштадот непосредно по митингот, додаде Нанче.

Зборувајќи за кампањата, кандидатот Трендафилов, кажа дека акцентот ќе во неа ќе биде ставен на секојдневна непосредна комуникација со граѓаните од општината, на посета на сите улици, урбани заедници, сите приградски населби и села во Охрид. “Всушност, нашата партија е тука и најсилна. ВМРО-ДПМНЕ е секогаш со народот, ние секогаш ги слушаме граѓаните, се среќаваме со нив и наша мисија е што повеќе, во рамките на нашите можности, да им помогнеме на граѓаните да живеат подобро. Медиумите се разбира се добредојдени на сите наши средби и ние сме секогаш максимално отворени за соработка со нив“, рече Кирил Трендафилов- Нанче.
Тој вети дека доколку ја добие поддршката на граѓаните ќе им возврати со креирање нова општинска администрација која што ќе биде беспрекорно организирана, максимално професионална и што е многу важно, за разлика од досега, одлично координирана. „За тоа да се постигне неопходно е јавно и транспарентно работење на сите јавни претпријатија кои што се управувани од Општината. Во секој момент секој граѓанин на Општината, треба да знае каква е состојбата во јавните претпријатија, затоа што секој граѓанин, и јас и Вие, сме всушност акционери во тие претпријатија и тие се во наша сопственост. Недозволиво е пазарење помеѓу општинската администрација и општинските претпријатија кое е на штета и на вработените во претпријатијата, но пред сè на корисниците на нивните услуги, а тоа сме ние, и јас и Вие, граѓаните на Охрид“, истакна Трендафилов.
Тј рече дека администрација која тој ќе ја раководи ќе биде вистински пријател на бизнисот и ќе ги користи светските искуства во управувањето. „Мојата администрација ќе ги поддржи сите проекти на Владата кои се за доброто на градот и уште повеќе, постојано ќе иницира нови проекти кои од Охрид ќе направат град во кој секој ќе сака да остане да живее и да се реализира“, рече Нанче.
На прес конференцијата тој се осврна и на работата на медиумите кои, како што рече, исто така ќе имаат напорно тремпо за време на кампањата. „Знам дека и Вам нема да Ви биде лесно следните 3 недели и дека професионалнот покривање на сите настани поврзани со овие избори бара дополнително залагање, време и големи напори“, додаде Трендафилов.











