Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче, денеска оствари средба со претставници на невладините организации од Охрид.


Тој најави дека доколку доколку биде градоначалник, ќе комуницира со сите интересни групи, а една од нив, како што рече,  е невладиниот сектор чии идеи се секогаш интересни и потребни.

– Во ситуација кома имате ограничени ресурси добредојдена е секоја иницијатива за подобрување на функционирањето на локалната самоуправа, рече Нанче. Тој најави дека ќе се залага општината да работи на систем на проекти и дека  стручно и финансиски ќе ги помага корисните иницијативи на невладиниот сектор.


На средбата со претствниците на невладиниот сектор од Охрид присуствуваше и  носителот на листата за членови на советот, Борче Стефаноски, кој истакна дека ќе се залага за поголема соработка на Советот со невладиниот сектор.