Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „за подобра Македонија“, Кирил Трендафолов – Нанче заедно со носителот на советничката листа Борис Стефаноски и пратениците Цветко Грозданов и Владо Стефаноски, вчера остварија средба со жителите на Подмоље.


Кирил Трендафолов – Нанче во обраќањето пред жителите истакна дека општината во најбрз можен рок ќе ги разреши нивните комунални проблеми и ќе стане вистински сервис на граѓаните и пријател на малите бизниси.


   
Во Воска се сретнаа со голем број на граѓани. Кандидатот за советник  Џемал Рахман им се обрати на насобраните граѓани истакнувајќи дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу поотворена за претставниците на етничките заедници и многу поактивна во разрешување на нивните проблеми.


Пратеникот Цветко Грозданов истакна дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ очекува победа „три во едно“ – победа за Ѓорге Иванов за претседател, Нанче за градоначалник и мнозинство во општинскиот совет. Нанче во своето обраќање истакна дека легализацијата на дивоградбите во Воска и нејзина целосна урбанизација, средување на проблемот со Грашница, ревитализација на Градска Плажа ќе бидат на врвот на листата на неговите приоритети како градоначалник.

Ohridnews