Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов -Нанче од денешната прес-конференција им се заблагодари на граѓаните за достоинството при гласањето.
Задоволен од добиените резултати, Трендафилов рече оти очекува сигурна победа во вториот круг.

На денешната прес-конференција беа соопштени и првичните неофицијални резултати од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, 12530 гласови во Охрид одат  за кандидатот за претседател на Македонија од оваа партија, Ѓорге Иванов. За кандидатот Фрчкоски гласале  7897 граѓани.

Во однос на бројот на советници во градскиот совет, податоците на ВМРО-ДПМНЕ говорат дека оваа партија ќе има 9 членови во идниот совет, а СДСМ ќе добие 7 советнички места.

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека  за кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески гласале 13 770 граѓани, а Кирил Трендафилов Нанче освоил 12 979 гласови.

„Ова е огромен резултат за нас, имајќи предвид дека на почетокот од кампањата соодносот беше 2 спрема еден за Петрески“, изјави Трендафилов и најави сигурна победа во вториот круг гласање.

Ohridnews