Американскиот кошаркар во дресот на Фенербахче, Џејмс Нанели имаше среќа и при страотниот пад после забивање не ги повредил вратот, главата и кичмата. Нанели лесно со забивање поентираше, но место да се задржи на обрачот тој се отпушти и падна директно на паркетот. Целата сала остана без здив, докторите веднаш реагираа и го транспортираат во најблиската болница, каде што му биле направени испитувања на критичните точки. Резултатите биле позитивни, но кошаркарот ќе се задржи одредено време во болница заради контрола на повредите.
OhridNews