Португалскиот репрезентативец Нани кариерата ќе ја продолжи во Валенсија откако со клубот од Местаља потпиша тригодишен договор.
29-годишниот фудбалер се поврзуваше со враќање во Премиер лигата односно со трансфер во Стоук, но Валенсија беше конкретна и го доведе во своите редови.
Нани, одновно вниманието кон себе го привлече со допадливите игри за Португалија на Европското првенство каде ќе се бори за пласман во финалето.
Последната сезона Нани ја помина во Фенербахче, а најдобрите моменти во кариерата ги имаше на Олд Трафорд носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед.
OhridNews