Двата голови во победата (2-0) на Црвена Ѕвезда против Ливерпул во мечевите по групи во Лигата на Шампиони му донесоа инстант слава на Милан Павков. Корпулетниот напаѓач ги наполна насловните страни, а Милан е првиот клуб кој покажал интерес за неговите услуги.

Според италијанскиот „Туто спорт“, Милан во најскоро време ќе почне со преговори и ќе проба да го ангажира 24 годишниот фудбалер кој стана хит после мечот со Ливерпу. Павков би требало да се пресели во зимскиот преоден рок или пак после завршување на оваа сезона.

За популарноста на Павков после мечот на својата кариера говори што многу телевизиски канали снимија посебни емисии за него, а во родниот крај која рурална средина инсталираа нови уреди да можат сите жители да ги гледаат неговите мајстории понатаму.

OhridNews