Утрово, во 04 часот и 25 минути, во СВР Охрид 31-годишен охриѓанец, вработен во такси компанија, пријавил физички напад и разбојништво извршено во 04.15 на булевар „Туристичка“ во Охрид.

Охриѓанецот бил физички нападнат од три лица кои претходно со такси возилото ги земал од дискотеката „Парк“ и ги возел до булеварот „Туристичка“. При излегување од такси возилото, трите засега непознати лица физички го нападнале ударајќи го со тупаници, по што му одзеле 15. 000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од ударите пријавителот се здобил со повреди на левата аркада  и оток околу левото око. Повредите се констаирани во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош.

OhridNews